Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит и ќе изнесува 54,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит и ќе изнесува 57,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар и од вечерва на полноќ дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 47,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 35,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,329 ден/кг и ќе изнесува 19,498 ден/кг.