Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит и од вечерва на полноќ ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесуваат 49,50 ден/лит
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг и ќе изнесува 25,311 ден/кг.
-Одлуката за зголемување на цените на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени кај сите нафтени деривати во изминатата недела. Клучна причина за овој тренд се негативните ефекти од ураганот Сали во Америка, поради кој од минатата средата се затворени рафинериите во Мексико, со што е стопирано производството, а залихите се на минимум. Од друга страна пак, во овој период побарувачката од лесни деривати е зголемена, а поради ограничената понуда во текот на изминатата недела на светските берзи се регистрира значителен раст кај бензинските фракции и тешките мазива, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.