Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,57% во однос на малопродажните цени утврдени согласно одлуката од 23.11.2020 година.
-Одлуката за зголемување на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени на суровата нафта и нафтените продукти. Растот на светските берзи на референтните цени на суровата нафта и нафтените деривати се должи поради неколку фактори и тоа: оптимизмот што ја предизвика информацијата за почеток на масовно вакцинирање, враќањето во нормала на индустрискиот сектор во Европа, што пак предизвикува зголемување на побарувачката, а од друга страна го имаме третиот фактор а тоа е недефинираната идна стратегија за производство кај земјите на ОПЕК и коалицијата, што резултира со намалување на залихите од сурова нафта од почетокот на пандемијата.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Со денешната одлука малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,020 ден/кг.
Од 1.12.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,50 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС -98 62,50 (денари/литар)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,00 (денари/литар)