Во рамки на проектот “За млади со критичко мислење”, Здружение Мултикултура денес организираше јавна дискусија каде беа презентирани активностите кои ќе се реализираат во наредните шест месеци, се со цел да се придонесува во развојот на критичкото мислење во Полошкиот регион, и тоа преку едукација на младите за медиумска писменост. Идејата на овој проект дојде од потребата за медиумска писменост на младите како основ за соочување со феноменот со медиумската манипулација.
“Здружение Мултикултура од овој месец почна со имплементација на проектот “За млади со критичко мислење“се со цел да придонесуваме во развојот на критичкото мислење во Полошкиот регион преку медиумска писменост на младите. Во рамки на проектот ќе се организираат неколку активности кои ќе ги прават младите способни да ги анализираат и критикуваат информациите кои ги примат, се со цел да не бидаат пасивни примачи на информаците кои им се сервираат од медиумите” – соопшти координаторот на овој проект, Егзона Абди.
Младите преку јавната дискусија имаа можност да се стекнаат со знаења околу штетните медиумски содржини, влијанието на медиумите, регулација и саморегулација на медиумите, новите медиуми и нивната улога во општеството, култура и забава, интерактивна комуникација и слично.