Значајна победа на ФК Тетекс со 1-0 над директниот конкурент Кадино во борбата за опстанок во Втора фудбалскак лига-запад во рамки на денешното 22 коло.
Тетовските фудбалери дуелот го добија со единствениот погодотк на Ринор Ајдини во седмата минута, резултат кој ги донесе новите три бодови за екипата на Славчо Георгиевски.
Во наредното 23 коло Тетекс гостува во Кичево на екипата на Влазрими, што исто така претставува средба во борбата за избегнување на последните места од табелата.
А.С
фото: tv.ffm.mk