Членовите на Студентскиот парламент при Универзитетот на Југоисточна Европа избраа ново раководство. За претседател е избран Агрон Демири,кој доби повеќе гласови од противкандидатот Арџон Фејзулаху.
-Денес студентите ми ја доверија функцијата претседател на Студентскиот парламент и асоцијација во УЈИЕ. Како што ветив, активностите на студентите ќе се зголемат и критичкиот глас на студентите повторно ќе се оживее, рече Агрон Демири во својата прва јавна изјава.
Студенскиот парламент за нов потпретседател го избра Бујар Сопа, кој ќе биде претставник на студентите на скопскиот кампус.
Агрон Демири е студент на Факултет за јазици, култури и комуникација, додека Бујар Сопа е студент на Факултетот за современи науки и технологии.
А.С