По пет дена работа денес се завршени работите за отстранување на дефектот во водоснабдителниот систем за Тетово кој беше лоциран на падините на Шар Планина. Во близина на селото Лисец во саботата, работниците на Јавното комунално претријати „Тетово“ утврдија дека е пукната цевка со големина Ф-500.
-По неколкудневна работа успешно заврши санирањето на дефектот на цевка ф-500 на водоводната мрежа, дел од линијата од Лешница до филтер станицата за пречистување на водата кај селото Лисец. Постепено во текот на денот се очекува нормализирање на водоснабдувањето во деловите од градот каде имаше намален притисок или прекин во водоснабдувањето, информираат од ЈКП Тетово.
Според Љуљзим Шаќири, раководител на работната едницата „Водовод и канализација“ при ЈКП Тетово ваков дефект на цевка која минува низ планина е поради неодамнешните земјотреси и ерозивни движења.
Оваа цевка е дел од новиот водоснабдителен систем кој презема вода од планинските реки во месноста Лешница и требаше да обезбеди дополнително 250 литри вода во секуда за градската мрежа.
А.С