Тетовската пожарна денеска околу 7 часот и 30 минути започна со интервенција на пожар во напуштен објект во близина на просториите на поранешното превозно претријатие „Полет“ на улицата Илинденска. При гаснење на пожарот нема повредени лица.
-Ова е втор ваков случај за кратко време да се интервенира во напуштени објекти каде доаѓа до пожар, а во кои живеат бездомни лице. И во овој објект имаше едно бездомно лице, а за среќа немаше повредени во пожарот. На 27 април интервениравме кај автобуската станица каде изгоре поголем објект, информира Ука Алити, командант на тетовските пожарникари.
Територијалната противпожарна единица на Тетово интервенирала денеска со три возила и седум пожарникари. Случајот е пријавен и во полиција, чии служби започнаа увид.
ас