Од печат излезе книгата со афоризми „Од мој агол“ на авторот Симеон Златев-Моне. Ова е 12-та книга на Моне инаку познат по својот Најмал етно музеј кој се наоѓа во тетовско Џепчиште. Во оваа книга се запишани 170 афоризми на 184 страници поделени на три дела-општа проблематика, етнологија и анимализам.
-Мудроста искажана со малку зборови претставува уметничка форма на изразување својствена на некои литературни жанрови и во народното творештво. Јас се осмелив да влезам во овие води со желба да оставам траги во времето во кое живеам. „Од мој агол“ треба да се чита меѓу редови за да биде се во ред, вели авторот Симеон Злате-Моне со еден од аформизмите на прашањето да ја долови содржината од неговата најнова книга.
Пред да ги создаде 170-те афоризми за книгата, Моне создал 50-тина вакви творби за претстојниот Четврти интернационален фестивал на афоризми, хумор, сатира и карикатура „Насмевки2022“ што е дел од годишното одбележување на јубилејот 100 години на Културно уметничк друштво „Иљо Антески-Смок“ од Тетово што треба да се одржи во мај.
Пишувањето афоризми е негова пасија од младоста започната како новинар во Радио Тетово. Минатата година авторот одбележа 30 години од формирањето на Најмалиот етнолошки музеј веќе формиран во 1991 година. Карактеристиката на најмал етно музеј ја доби поради основната просторија од само 7,2 метри квадратни каде се сместени над илјада предмети од минатото.
ас