Општина Тетово има најголема излезност до 11 часот во петте од вкупно шест општини во вториот круг каде има втор круг гласање за локалните избори.
Од 85 577 избирачи досега гласале 7 893 граѓани.
-Во овие четири часа од почетокот на гласањето во Општина Тетово имаме излезност од 9,71 %, од информира Назми Даути, секретар во ОИК Тетово.
Во Општина Брвеница до 11 часот таму гласале 9,50 отсто од 15 732 избирачи. Во Желино 9,46 отсто од 23 485 избирачи гласале до 11 часот, додека во Теарце 8,13 отсто од 22 450 граѓани со прао на глас. Најмалку гласање во првите часа има во населените места во Општина Боговиње каде гласале 7,53 отсто од 23 981 избирач.
ас