Министерствто за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1535 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на Ковид-19 од кои 9 во тетовскиот регион. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од кои 12 се од тетовско.
Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје и еден од Струга.
Досега во земјата се направени вкупно 92550 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9797, бројката на оздравени пациенти е 5254, на починати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4092.