На градскиот плоштад во Тетово денес Центарот за еднакви можности „Бубамара“ од Тетово ја реализираше изложбата „Од инбокс во плоштад“ со цел јавно да се претстави сексуалното вознемирување со кое се соочуваат младите девојки на возраст од 18 до 25 години. Изложени се пораките кои тие девојките ги добивале, а ги споделиле во рамки на истражувањето на Центарот насловено„Онлајн вознемирување на социјалните медиуми“.
-Сакаме пораките што девојките ги добиваат на социјалните мрежи да ги видат сите. Тие се пораки кои имаат вознемирување, малтретирање. Ние баравме од девојчињата да ни ги пратат овие пораки за да може да ја направиме оваа изложба. Има говор на омраза, сексуално вознемирување, малтретирање на девојките и затоа сакавме ова да биде на плоштад. Сите да видат што има во инбоксите на девојките. Треба да се пријавуваат овие пораки до полиција, социјалните мрежи. Тоа е и нашата цел да се охрабрат девојките да пријавуваат, изјави Рита Бехадини, претседателка на „Бубамара“.
Според истражувањето, 65,8 отсто од девојките рекле дека добиваат вакви пораки. Поголем дел од нив пријавиле во рамки на семејството, а помалку во институциите. За истражувањето анкетирани се 208 девојки на возраст од 18 до 25 години кои одговориле на анкетата по електронски пат.
ас