Националната установа Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ – Тетово од вечерва е домаќин на колективната изложба на фотографии насловена „Момент“. Изложбата е со меѓународен карактер, а изложени се 60-тина фотографиии на уметници од Македонија, Косово, Албанија, Германија и Египет.
-Единствениот начин да се живее е да се прифати секој монет како неповторливо чудо, бидејќи моментот е таков и само фотографијата може да го направи тоа, е таква што нема потреба да го објаснувате со зборови. Личноста што ги гледа фотографиите е исто така мотивирана да размислува за тоа, за концептите: што е жанровска фотографија и репортажна фотографија. Тоа е еден вид метафора што треба да го привлече вниманието на гледачот да го поттикне да размислува за она што е прикажано на сликата да го натера да го развие својот став кон настанот што се опишува, истакна на свеченото отворање, Артан Арслани, програмски раководител на Центарот за култура.
Изложбата е поставена во фоајето на Ценарото за култура, а за граѓаните ќе биде отворена до 31 декември.
ас