Авторот Илија Петрушевски ја издаде книгата „Исчезнати селски населби и села со промените имиња во Полог забележани во кралските повелби во 14 и 15 век , поправен и дополнителен прилог кон изданието од 2009 година“. Петрушевски овозможи јавен пристап до книгата преку електронско издание на интернет. Линкот може да се најде на фејсбук страницата „Го Љубим Тетоо“ на тетовскиот хроничар Дарко Гавроски.
Дополнувањето на изданието доаѓа по новите сознанија за исчезнатите села десетина години по првото издание, објаснува авторот.
-Податоците се земени од „Виргинската повелба 1257-58“, „Душановата повелба за Хтетовкиот и Трескавечкиот манастир 1334-45“ година како и “Душановите повелби за Хиландарскиот манастир и Призренскиот манастир Св. Архангел Михаил од 1348 година“. При првото разоктривање на локациите каде се наоѓале исчезнатите села појдовна точка беа топонимите кои кај некои села фактички се совпаѓаа со името на исчезнатото село. Во текот на 2019 и 2020 се навратив на овој проблемо но само за исчезнатите села анализирајќи ги повелбите како и дополнително „Бревното за Хтетовскиот Манастир“ со што дојдов до нови сознанија. Затоа е подготвен и овој дополнителен прилог кон првото издание од 2009 година. Новите податоци се добиени од теренски истаржувања споредено со податоците од повелбите, објаснува Илија Петрушевски.
Како исчезнати села авторот ги истакнува Лесковјане, Точил, Храштани, Млачице, Мел, Велгошт и Крајмирово Селиште и други.
А.