Спортистите од Тетово деновиве даваат јавна поддршка на иницијативата „Тетово сака парк“. Тие се потпишуваат на онлајн петицијата со која се бара создавање на нов парк во Тетово, а нивните ставови се споделуваат на социјалните мрежи.
-Јас потпишав за парк, а ти ?, напиша најпознатата тетовска тенисерка Лина Ѓорческа.
-Целосна поддршка на граѓанскиот предлог за прв вистински градски парк во Тетово. Неопходни се услови за развој на спортскиот дух и спорстки навики во градот, напиша Крсте Серафимовси, повеќедеценискиот тренер по атлетика, спортски работник и поранешен претседател на Атлетската федерација на Македонија.
И од спортските екипи доаѓа поддршка за иницијативата „Тетово сака парк“.
-ЖФК Љуботен чувствува обврска јавно и позитивно да се изјасни за иницијативата за прв парк во Тетово, поздравувајќи го предлогот кој е издржан и доволно поткрепен, а ќе придонесе многу во насока на промоција на здрави животни навики, заштита на животната средина и здравјето на населението. Свесни за сите придобивки од постоењето на паркови и зелени површини, како и на можноста за вклучување спортски содржини во истите, како спортисти и фудбалски клуб изразуваме целосна поддршка за „Тетово сака парк“, соопштија од ЖФК Љуботен.
За само една недела до понеделник 28 февруари онлајн петицијата е потпшана од над 2200 граѓани.
Оваа нова граѓанска иницијатива на 21 февруари прв пат ја преку прес-коференција ја образложи идејата да се формира градски парк во источниот дел од градот на излез кон Скопје. Се предлага паркит да опфати четири урбани блокови како единствениот простор кој може да биде парковска површина од околу 16 хектари.
ас