Во Воспитно-поправниот дом „Тетово“ денес пристигна донација од Здружение Институт за развој на заедницата (ИРЗ)- Тетово. Донирани се средства во вид на техничка опрема, храна, облека, средства за лична хигиена и образовни материјали.
-Целта на донацијата е да се подобрат условите за престој на штитениците во Домот и подготовка за нивна ресоцијализација и реинтеграција во општеството. Поддршката беше обезбедена од страна на Здружение ИРЗ Тетово и АСБ Германија. Изминатите години Здружение ИРЗ во континуитет обезбедува поддршка за пенитенцијалните установи како што се Казнено поправна установи во Штип и Тетово и Воспитно-поправен дом во Тетово, информираат од ИРЗ Тетово.
Од страна на претставниците на Здружение ИРЗ ја потенцираат посветеноста Управата за издржување на санкции и на ВП Дом Тетово за подобрување на условите за престој во пенитенцијалните установи за што беа доделени признанија и благодарница за досегашната успешна соработка.
А.С