Мерката за времено одземање на возило доколку регистрацијата е истечена повеќе од шест месеци ќе помогне во отстранување на голем број мотори кои се возат низ градските улици и со големи брзини и високо ниво на бучава. Ваква е проценката на полицијата околу воведување поголем ред со овие сообраќајни прекршоци.
Тони Ангеловски, порпарол и помошник министер за односи со јавност при МВР од Тетово каде денес се спроведе нова засилена контрола во сообраќајот истакна дека оваа мерка веќе е причина да се одземат возила.
-Но оваа мерка е пред се да ни помогне во санкционирањето на моторите кои што ја вознемируваат јавноста особено кога е топло времето. Имаа елементи кои што се недозволени. Оваа мерка дозвола таквите возила да ги заплениме и соодветно санкционираме. Во претходниот период можевме едноставно да ја пишеме казната и продолжува тој несовесен возач. Сега имаме многу поригорозна мерка која што многу ќе придонесе за таа појава да ја снема од улиците во државата, истакна Тони Ангеловски, порпарол и помошник министер за односи со јавност при МВР.
Од крајот на декември кога е започната примената на новите измените, досега во тетовскиот регион се одземени 15 возила поради истечена регистрација повеќе од 6 месеци. Возилата се одземаат на 90 дена.
А.С