Наместо со жетва на пченица голем број земјоделци се справуваат со пожари на нивите, а пожарникарите велат дека речиси да нема село во тетовскиот регион каде не се случило опожарување на плодните земјишта. Вчера во Теарце, а завчера во Милетино десетици декари земјиште изгореле во пожари.
-И покрај апелите од страна на Територијалната противпожарна единица Тетово до граѓаните а особено до земјоделците да бидат внимателни на овие многу високи тропски температури не престануват пожарите ни полошкиот крај. Само вчера во после пладневните часови во атарот на општина Теарце избунал пожар во нивите каде се очекувало да се жнее пченица. Пожарот остави четири семејства без својот бериќет, од пожарот изгубија десетици декари со пченица, Причинител за пожарот е човечкиот фактор со палење на диви депонии низ Полог. Апелираме до сите,а особено до земјоделците да не палат стрништа после вршењето на жетвата, за да бидеме по внимателни во овие многу топли денови оти една мала искра може да направи многу голема штета, изјави командантот на пожарната Ука Алити.
Вчера во 17 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар на трафостаница во тетовско Селце. Нема повредени лица и со интервенција на мештаните и тетовската Територијална противпожарна единица, пожарот набрзо бил изгаснат.
А.С