Вчера (5 јули) од 20 до 24 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е уште една од серијата акциски контроли на мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и санкционирани 14 прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-2). Најголемиот број од прекршоците (7) се однесувале на некористење на заштитна кацига, а санкционирани биле и 3 мотоциклисти кои управувале без возачка дозвола. При контролата, исто така, санкционирани се и 35 други видови прекршоци (ТЕ-25 и ГВ-10), информираат од СВР Тетово.
Вчера (5 јули) од 21 до 24 часот, на влезот на Тетово била спроведена и контрола на брзината со која се движат возилата во населено место. Откриени и санкционирани се 17 пречекорувања на максимално дозволената брзина, од кои 6 возачи ја пречекориле брзината во населено место за повеќе од 50 километри на час над дозволеното. Нив им се изготвени платни налози со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност, а ги очекува и забрана за управување од шест месеци до една година. При тоа , 11 возачи ја пречекориле брзината за 30 до 50 километри на час над дозволеното.