Како што пред неколку стотини години резбите во дрво станале сведоци за вековниот македонскиот национален и културолошки идентитет, копаничарството и во иднина ќе биде прозорец кон светот за Македонците со оглед дека ги има многу кои имаат желба да работат ваков вид на изработка во дрво. Со ваков став го започнува разговорот најпознатиот тетовски копаничар Будимир Апостолски кој триесетина години изработува резби во неговото ателје кога го прашавме дали има заинтересирани и понатаму да ја научат оваа уметничка вештина. Кај 69 годишниот тетовец копаничарството го изучувале и возрасни, но и деца кои подоцна станале уметници, занаетчии, се вели во новинарската сторија на Александар Самарџиев за порталот Факултети.мк