Шестото издание на манифестацијата “И Тетовските Глумци Поа” вечерва се одржува во Центарот за култура “Иљо Антески-Смок” во Тетово. Актерите од аматерското драмско студио при Центарот за култура ќе се претстават со настапите со почеток од 19.30 часот.
-Традиција е веќе пред Нова година да се одржува оваа сценско-музичка манифестација.Оваа година во малку поинаков формат ,бидејќи целата манифестација е поделена во четири приказни. Песните се бирани спрема приказните Тетовска свадба, Приказни од паркот, Приказни од плажата и Лудница, вели Игор Бачоски-Бачо од организацијата на манифестацијата.
Ќе настапат 12 актери со придружба од групата Дрим Тим. Од актерите при аматерското драмско студио при Центарот за култура ќе настапат: Гордана Георгиадис,Лидија Георгиевска,Владимир Јовановски,Мартина Стерјовска,Мирко Видоески,Драгана Радованов,Бобан Милосавлевски,Глигорије Стојановски-Гиге,Наташа Петроска,Игор Бачоски-Бачо,Саше Серафимоски и Мелиса Ценоска.