Повеќемина тетовчани се дел од македонската фудбалска репрезентација која успеа да обезбеди победа над Грузија и пласман на Европското првенство.
Сите 90 минути за репрезентацијата ги одигра Егзон Бејтулаи, роден 1994 година, кој фудбалската кариера ја има започнато во ФК Тетекс. Сега е член на Шкендија.
24 годишниот Енур Торте исто така од Тетово, играч на Шкендија беше во резервниот состав на репрезентацијата.
Аријан Адеми е роден во Шибеник, Хрватска но неговите родителите потекнуваат од тетовскиот регион, односно од Пирок.
Во текот на квалификацискиот процес во Лигата на Нации дел од репрезентацијата беа и тетовчаните Кристијан Тошевски и Ферхан Хасани. Тие играа во претходните натревари а сега поради оправдани причини не беа дел од составот.
Во стручниот штаб на репрезентацијата членува Џенгис Реџепи, кој е родум од тетовско Пршовце, поранешен играч на Тетекс и Шкендија.
Македонија ја совлада Грузија во финалето од квалификацискиот процес на Лига Нации со 1-0 со голот на Горан Пандев.
Пласманот на Европско првенство и во Тетово се прослави на улиците.