Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (18/19.06), за неносење заштитни маски на 83 лица изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.
Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на 53 лицa, додека вкупно биле контролирани 820 луѓе со вакви решенија. Во изминатото деноноќие, исто така, изјави за самоизолација потпишале вкупно 45 лицa, а контролирани биле 115 лица со потпишани изјави за самоизолација, соопшти СВР Тетово.