Во рамки на засилена акциска контрола од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Тетово, санкционирани се 106 возачи за управување возило со брзина поголема од пропишаната. Од вкупниот број 77 се на територија на Тетово, а 29 на територија на Гостивар.
-Од санкционираните 106 возачи, 81 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над дозволената, а 14 за дури над 70 километри на час над дозволената. СВР Тетово апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поединечно и заеднички да придонесат за поголема сообраќајна безбедност на подрачјето, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.