Во периодот од 22 до 4 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи што управуваат возило под дејство на алкохол.
Во контролата откриени и санкционирани се 17 возачи под дејство на алкохол и на сите им се изречени соодветни санкции. Покрај ова, при контролата биле откриени и санкционирани и 13 други видови сообраќајни прекршоци, кои биле заокружени со законски предвидените поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
ас