При денешната засилена акциска конторола за откривање на преброз возење во Тетовско полицијаците изрекле 39 казни од кои за 24 лица кои се движеле со над 50 километри на час.
-Тројца од вкупно 39 казнети возеле со дури над 70 километри на час над дозволеното. Уште еднаш апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат сите заедно да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата во Полог и пошироко, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.