Денеска полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Тетово при што санкционирани се 36 возачи.
-Од нив, шест возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а еден со дури над 70 километри на час над дозволеното. 15 санкции се изречени на територија на Тетово, а 21 на територија на Гостивар. И уште еден апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми вкупната безбедност во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта на тетовско-гостиварското подрачје и пошироко, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Засилени сообраќајни контроли планирани се и во наредниот период.