Постојат повеќе основи за поништување на постапката според актуелниот Закон за јавните набавки во членот 114. На платформата „Отворени податоци“ на веб-страницата на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) при Бирото за јавни набавки овозможува граѓаните да имаат пристап до сите статистички податоци поврзани со јавните набавки, меѓу кои и поништувањата на договорите за јавни набавки.
Во рамки проектот „Анализа на јавните набавки во Полошки плански регион“ кој го спроведуваат невладината организација „Младинска Алијанса“ и Тетово инфо извршен е мониторинг на јавните набавки на општините Тетово, Теарце, Желино, Брвеница и Јегуновце користејќи ги податоците генерирани преку платформата „Отворени податоци“ на ЕСЈН во периодот од 1 јануари до 30 ноември 2020 година. При мониторингот евидентирани се 26 поништувања кај општините Тетово, Желино, Теарце и Јегуновце. Општина Брвеница нема поништување на договор за јавна набавка.
Општина Тетово има вкупно 15 поништени постапки, од кои според вид на договор – 7 се за работи, 5 за стоки и 3 се за услуги. Платформата евидентира и причини поради кои е направено поништување на постапката, а најчесто кај Општина Тетово е таа дека не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда.
Општина Желино има вкупно 4 поништени постапки, од кои според вид на договор 2 се за услуги и 2 за стоки. Најчеста причина е таа дека не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда.
Општина Јегуновце има вкупно 4 поништени постапки, од кои според вид на договор 3 се за услуги и 1 за стоки. Најчеста причина е таа дека не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда.
Општина Теарце има вкупно 3 поништени постапки, од кои според вид на договор 2 се за услуги и 1 за работи. Најчеста причина е таа дека не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда.
Овој текст е изработен во рамки на проектот „Граѓански организации и Медиуми против корупција-Коалиција за нулта толеранција”. Изработката на текстот е со финансиска поддршка од Европската Унија. За содржината на публикацијата единствено се одговорни Младинска Алијанса-Тетово и Тетово Инфо и таа не мора да ги одразува гледиштата на Европската Унија.