Македонско-Хрватско Друштво во Тетово денес отвори канцеларија во која ќе функционираат заедно со сестринските организации Хрватски Форум и Еколошко нуркачки клуб „Пена“. Со оглед на ситуацијата со ковид-19, канцеларијата ќе работи преку најави и договор.
-Секое сериозно друштво не може да функционира без канцеларија така да и ние смогнавме сили да отвориме канцеларија. Сопственикот ни излезе во пресрет со скромна кирија да можеме без проблеми да функционираме една година. Дел од активностите ќе се одвиваат и онлајн. Годинава организиравме пооглем број активности за кои се надеваме дека ќе продолжат и во наредната година. Нашето друштво опстојува 18 години, Еколошко нуркачки клуб „Пена“ три години и младинската организација Хрватски форум една година, изјави Горан Видачек, претседател на Македонско-Хрватско Друштво во Тетово.
Просториите се наоѓаат во близина на зелениот пазар, позади Меркур хотел на ул. 120, блок 56, простор број 5.
А.С