Како да нема крај на деценискиот проблем во Тетово со изградба и функционалноста на капела кај православните гробишта. Во двата мандати на претходната градоначалничка се изгради како објект, но разни оправданија имаше околу тоа кога ќе почне да работи-проблеми со тендери, нефукционалност на комората ладилник каде треба да се оставаат на телата на починатите, вработени и слично.
Граѓаните велат дека предлого се чека, а образложуваат дека е мачно справувањето со погребот кога ќе почине човек поради нефункционирање на капелата. Починатите се чуваат дома, велат жителите на градот кои деновиве ги анкетиравме во близина на гробиштата.
-Многу, многу години ја чекаат капелата, се уште нема ништо. Тоа е штета. На Тетово му треба едно такво нешто.
-Десет години е почната, пред две години е направена и нема ништо. Никој не влегов внатре.Дали ќе биде капела или друго нешто тоа ќе кажат надлежните во општина.-
-Не знам што е работата што не ја пуштаат. Викаат дека ќе биде, ама ете не бидува. Ете нема
Новото раководство на општината шест месеци управува со градот. Градоначалникот уште на почетокот рече дека ќе ги сондира сите проекти во градот. За да почне да функционира капелата сега според него требало нов тендер за да се прави уредување на просторот и објектот.
-Во делот за капелата ќе се отворат овие денови тендерот за доуредување на капелата и се надеваме дека кога ќе се завршат сите тие процедури побрзо ќе биде пуштена во употреба, и во делот на гробиштата преку јавното претријатие ќе се преземат мерки за доуредување на гробиштата, вели Биљал Касами, градоначалникот на Тетово.
Капелата почна да се гради во октомври 2015, а се заврши во текот на 2018 година.