Денеска претседателот на Движењето Беса, истовремено и кандидат за градоначалник на Тетово на локалните избори 2021 година, Билал Касами ја посети населбата Теќе во Тетово.
Во присуство на голем број граѓани од оваа населба, Касами вети дека за време на неговиот мандат, покрај другите заложби и прашања што ја засегаат нашата општина, ќе се посвети и на културно -уметничкиот живот во нашиот град.
Касами вети дека како иден градоначалник на Тетово ќе ги реши сите проблеми со кои се соочува градот, за што, според него, е срамно да се зборува во 21 век, но со Движењето Беса на чело на Општина Тетово овие проблеми ќе останат во минатото.
Движењето БЕСА преку конкретни проекти има за цел да го зголеми одржливиот економски развој, да ја намали невработеноста и да го подигне животниот стандард, обезбедувајќи поволни услови за водење бизнис, што ќе создаде нови работни места и ќе стимулира дополнителни инвестиции. Локалниот економски развој директно и индиректно ќе придонесе за зголемување на фискалните приходи во општината.