Соопштение на Алијанса за Албанците и Алтернатива :
АА – ААА: ДУИ покрај притисокот на администраторите и педагозите за на митинзи, злоупотребуват и деца во предизборна кампања
Се чини дека на ДУИ не и е доволно притисок врз администраторите, наставниците и професорите со закани и уцени да учествуваат во нивните предизборни митинзи во кампањата, овој политички субјект не ги штеди ниту децата со нивно користење и злоупотреба во нивните предизборни кампањи, додека сериозно ги кршаат правата на децата.
Овој феномен често се повторува на митинзите на ДУИ. Последниот случај беше злоупотребата на деца од страна на кандидатката за градоначалник на општина Тетово од редовите на ДУИ г –ѓа.Теута Арифи, која на својот официјален профил објави фотографии со децата на Боксерскиот клуб „Шкендија Нолимит“ и со што се обидува да добие политички поени. Овој грд гест на Теута Арифи која се фотографира со деца среде кампања уште повеќе не потсетува дека градоначалничката во заминување не направи ништо за децата на Тетово, оставајќи ги нив без детски парк, без игралиште за нив, без спортски активности, и без образ и без срам оди и се фотографира со деца за време на кампањата.
Митинзите на ДУИ и отворањето на штабовите на оваа партија стануваат се поопасни поради рафалите и истрелите затоа ова претставува уште поголема опасност за децата и другите кои можат да бидат присутни во некој штаб на ДУИ како оној во Чаир или Желино.
Бараме од Мисијата на ОБСЕ и ОДИХР во Северна Македонија да ја евидентираат оваа загриженост во нивниот извештај за предизборната кампања, исто така ја повикуваме и Првата амбасада за деца во Македонија „Меѓаши“ да го кренат гласот за кршење на правата на децата кои се злоупотребуваат во изборната кампања.