Во јануари поради Ковид-19 починале 21 лице на подрачјето на тетовскиот регион, 352 се разболеле, а како оздравени се евидентирани 852 лица, покажуваат податоците на Министерството за здравство.
Бројките покажуваат огромно намалување на бројките на заболени во споредба со ноември и декември. Во ноември кога имало 1632 заболени, додека во декември 2020 година 937 лица.
Досега вкупно починале 205 лица досега, 5114 биле заболени а оздравени 4586.