Кај две лица кои починале на 13 јуни во тетовската клиничка болница постмортем (по смртта) е утврдено дека биле заболени од Ковид-19, инфомираше денес Министерството за здравство. Едниот починат е на 65, а другиот на 71 година. Досега вкупно починати се 30 лица.
Од новите 134 случаи низ Македонија во тетовскиот регион се бележат 11 нови слуачи. Од нив 9 се во општина Тетово, 1 во општина Боговиње и 1 во општина Желино. Според Министерството, тетовскиот регион бележи вкупно 440 случаи од кои активни 261 болни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти од кои и еден од тетовскиот регион.
Низ Македонија денес има уште 6 починати. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 4289, бројката на оздравени пациенти е 1757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2331.