Лица на возраст од 41 и 66 години во тетовскиот регион се починати поради Ковид-19, информира Министерството за здравство. Вкупно има 112 починати поради коронавирусот.
Заболени се 87 луѓе, со што сега има 726 активно болни. Вкупно дијагностицирани се 2460 лица. Оздравени се 11 граѓани.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3211 тестирања, а регистрирани се 1192 нови случаи.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти.
Починати се 22 лица, осум пациенти од Скопје (78, 78, 61, 60, 81, 70, 84 и 51г), двајца од Штип (80 и 80г), еден од Прилеп (65г), двајца од Тетово (41 и 66г), двајца од Велес (75 и 57г), двајца пациенти од Битола (71 и 66г) и двајца од Охрид (54 и 73г), еден пациент од Гостивар (72г), еден од Крушево (81г) и еден пациент од Пехчево (53г). Од нив, еден е починат вон, станатите се починати во болнички услови.