Маж на 61 година од Тетово е евидентиран како починат поради Ковид-19 во тетовската клиничка болница, информираат од министерството за здравство. Сега има вкупно 136 починати лица во тетовскиот регион. Како новозаболени се водат 39 лица, а оздравени 29. Вкупно болни има 1060 лица.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2655 тестирања, а регистрирани се 990 нови случаи. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 382 оздравени пациенти. Починати се 24 лица.