Нови 16 заболени во тетовско меѓу 125 новозаразени од Ковид 19 низ Македонија, бележи денес Министерството за здравство. Сега има 115 активни случаи односно болни, а вкупно дијагностицирани се 273 луѓе во тетовскиот регион. Починати се вкупно 25 лица.
Според податоците на Центарот за јавно здравје од Тетово 14 од 16-те се во рамки на општина Тетово, поголем дел во градот и во селото Селце. По еден случај има во општина Теарце и општина Јегуновце.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти од кои еден од тетовскиот регион. Вкупно оздравени во тетовски регион 133.
Починале две лица од Прилепско и едно од Струмичко.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124.