Министерството за здравство информира дека во болницата „8 септември“ почина 65 годишник, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент на 54 години, двајцата од тетовскиот регион.
Во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани 89 нови случаи на ковид-19 од кои 7 во тетовскиот регион. Од оздравените 17 низ Македонија во тетовско има 2 излечени лица.
Според информациите на Министерството во тетовскиот регион вкупно има 217 заболени од кои активни се 83 лица.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 2315, бројката на оздравени пациенти е 1569, на починати е 140.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи по денешната средба на Кризниот штаб истакна дека повторно ќе побара од централните власти да ја укине забраната за јавен превоз на патници која е на сила за полошкиот регион. Забраната за јавен превоз е од 21 април. Со оглед на зголемувањето на бројките на заразени со Ковид19 и најавите за воведување на рестриктивни таргетирани мерки за кои се споменува и Тетово, Арифи со одговор декасо здравствените власти споредуваат тенденции и информации.
-Ние немаме информации дека има места каде се таргетираат построги мерки туку едноставно тоа што е многу важно е фактот дека ние сме влезени како земја како држава во фаза на олабавување на мерките и тој процес сметам дека е важно да продолжи но треба да продолжи со големо следење на целиот тој процес. Отворањето на работата на многу институции, на многу дејности, апсолунто треба да се следи во однос на тоа колку се почитуваат протоколите. Апсолутно дека тенденцијата светска е дека кога имавме строги мерки нормално дека бројот можеше да се контролира на еден друг начин. Нормално отворањето ги има тие предизвици, да не бидат тие предизвици да бидат поголеми од институциите, многу е важно истите да бидат почитувани. Ќе продолжиме со сите другите активности во изминатите 10 недели, нема да се намали интензите на дезифекција, рече Арифи.
Според бројките на општина Тетово, денес се регистрирани 7 нови случаи на заболени.
-Важно е да кажеме дека позитивните случаи од денес се главно од скринингот на спортските клубови во општина Тетово. Досега дијагностицирани се 215. Од овој број досега се излечиле 112 лица, а 21 починале, со што е бројот на заболени активен во Тетово и 5-те околни општини е 82, рече Арифи.
По општини, општина Тетово има најмногу 114 заболени и 7 починати. Општина Боговиње 50 (починати 6), Теарце 23 (починати 2), Брвеница 15 (починат 1), Јегуновце 6, Желино 7 (починати 3 лица)
А.С