Играорците од Културно уметничко друштво „Свети Сава Први“ од Тетово деновиве се подготвуваат за настап на еден од најпознатите манифестациии во Србија, Фестивалот во Гуча. Оваа манифестација се одржува од 8 до 16 август, а тетовските играорци ќе бидат таму од 12 до 16 август.
-Ние интензивно се подготвуваме, ги вежбаме кореографиите на изведбите на ората на отворен простор во Спомен куќата на Музејот на тетовски крај во населбата Два Бреста. Организаторите ни побараа да се подготвиме со две кореографии. Така ќе настапиме на два концерта во рамки на фестивалот во два различни денови. Ние вежбаме за кореографиите „Водарки“ и „Тресеница“. Воедно две наши члекнки ќе се претстават на изборот на најдоба носија. Едната ќе носи носија од нашиот тетовски регион, која е добиена благодарејќи на Музејот на тетовски крај. Другата носија ќе биде од источниот дел на Македонија, изјави кореографот Зоран Ѓорѓевски.
Во Гуча заминуват 35 члена играорци и од управата на КУД „Свети Сава Први“. Ова друштво кое постои од 1995 година секоја година учествува на фестивалот во Гуча. Во 2019 година освои прво место на изборите за најдобра носија.
Имаат покана за учество на фестивал во Херцег Нови од 25 до 30 август, но одењето ќе зависи од сотојбите со пандемијата.
А.С