Вчера (9 декември) околу 11 часот и 25 минути, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 51-годишната И.М. од Куманово, поради сомнение дека извршила „кражба“. Таа била задржана во Полициската станица Тетово за натамошна постапка, а одземен и е мобилен телефон и нешто подоцна апаратот му е вратен на сопственикот од тетовско Горно Палчиште, информира СВР Тетово.