Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ при Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ од Тетово го распиша овогодинешниот конкурс за најдобара необјавена песна за деца и возрасни. Конкурсот се распишува во две категории – најдобра песна за деца на македонски јазик и најдобра песна за возрасни на македонски јазик.
-Темата е слободна. На конкурсот ќе се доделат награди за првите три најдобри песни за деца и три најдобри песни за возрасни. Песните треба да бидат напишани на македонски јазик, а доколку се на друг јазик задолжително да се достави и препев на македонски јазик, информираа Мирко Видоески, претседател на Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“.
Конкурсот е отворен до 15 декември до 24 часот кога треба да пристигнат песните на електронската адреса на клубот literaturenklubtetovo@gmail.com.
-Песните треба да се напишани на компјутер под шифра, секоја песна во посебен фолдер и за секоја песна да се се испрати решенето на шифрата со назнака „за конкурсот на Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“, вели Видоески.
Поради пандемијата немада се одржи литертаурна вечер и резултатите ќе се објават на 25 декември на страницата и групата на Литературниот клуб на Фејсбук.
А.С