Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ при Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ од Тетово по повод месецот на книгата распиша конкурс за најдобара необјавена песна за деца и возрасни. Конкурсот се распишува во две категории – најдобра песна за деца на македонски јазик и најдобра песна за возрасни на македонски јазик.
-Темата е слободна. На конкурсот ќе се доделат награди за првите три најдобри песни за деца и три најдобри песни за возрасни. Песните треба да бидат напишани на македонски јазик, информираат од Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“.
Конкурсот е отворен до 26 ноември до кога треба да пристигнат песните на електронската адреса (literaturenklubtetovo@gmail.com) или лично да се достават до Центарот за култура. Резултатите ќе се објават и доделат награди на литературна вечер на 6 декември во 18 часот.