Бадник се чествуваше во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј како и манастирската црква Свети Георгиј во Мала Речица. Во Тетово годинава изостана Бадникова литија.
-Во соборниот храм на Тетовско-гостиварската епархија св.Кирил и Методиј-Тетово, надлежниот митрополит г.Јосиф богослужеше света Василиева литургија. По празничната литургија верниот народ се причести со светите тајни, а благословено беше бадниковото дрво, информираат од епархијата.
Во манастирот посветен на Георгиј Победоносец – Мала Речица беа благословени кумските лебови и бадниковите гранчиња.