Претставници на лиценцираните такси компании од градоначалникот на Тетово Биљал Касами да се сузбие нелегалниот такси превоз без лиценци. Тие имаа средба на која му ги образложија проблемите во одвивањето на легален такси превоз за кои има можност да интервенира локалната власт.
-Морам да го искажам ова задоволство, после 10 години градоначалник што ни овозможи за да не прими за да му ги кажеме проблемите кои не тиштат скоро веќе подолг период. Ние бараме тоа што се договориме верувам дека ќе биде испочитувано, тие без лиценци да го искористат просторот што градоначалникот им го даде како добра волја негова, да добијат лиценци, така да да дојде такси превозот да биде на врвот во градот Тетово, изјави Зоран Томовски претседател на здружение на такси превозот на Тетово и потпретседател на асоцијацијата на такси превозници во Македонија.
Градоначалникот Биљал Касами рече дека разговарале за проблемите со кои тие се соочуваат како и со решенијата и мерките кои треба да ги превземат во наредниот период за да се стави ред во оваа област.
-Разговаравме за можноста во наредниот период да се интервенира и полека да ситуацијата во областа на такси превозот да се стави во нормала. За таа цел дозволете да апелирам до сите граѓани до сите тие кои оперираат во превозот на лица во градот да искористат месец март за да си набават лиценци да аплицираат за лиценци затоа што се дадени насоки на општинските институции во случајот секторот за општински комунални работи и секторот за инспекциски надзор во текот на март да им излезат во пресрет за да ги набавар лиценците и да работат согласно законот, изјави Касами.
Тој посочи дека сите тие кои нема да ја искористат оваа можност од следните месеци ќе се соочат со соодветни мерки односно казни кои ќе се одредуваат во соработка на општинскиот инспекторат и полицијата.