По повод празникот 11-ти Октомври, ден на народното востание против фашизмот, членовите на Левица од Локалниот Огранок во Тетово заедно со претставникот од Президиумот на партијата, Сенада Ибраимова, положија цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОБ во центарот на градот во чест на сите борци кои учествувале во борбата за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор.
-Од таму упативме порака до ЕУ и НАТО против нивната империјалистичка политика, поради барањето за самоукинување на Македонскиот народ преку спорот за името со Грција и фашистичките барања од страна на Бугарија за присвојување на правото на Македонскиот јазик како Бугарски дијалект, Македонскиот национален идентитет и историските личности од Македонија, информираа од локалниот огранок на Левица Тетово.