Угостителски објект во тетовско Желино е времено затворен од Државен пазарен инспекторат поради непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. При вчерашната контрола околу околу 19 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Tетово го лишиле од слобода и 43-годишниот сопственик Ј.Ф. од тетовско Желино.
-Угостителскиот објект во ова село работел по дозволеното време со жива музика и во него престојувале гости, меѓу кои и косовската државјанка В.Г.(35) која, исто така, била лишена од слобода поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта. Желинецот Ј.Ф. задржан е во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение за сторено кривично дело„непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Косовската државјанка,пак, предадена е за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.
А.С