На првиот училишен ден во оваа учебна година во тетовска Мала Речица започна да функционира новоизграденото училиште. Станува збор за подрачен објект на општинското основно училиште „Наим Фрашери“ од Тетово, а засега таму учат само првачиња.
-Не сме тука за официјално отворање, но сме тука да го означиме фактот дека првите првачиња започнуваат со настава имајќи го во предвид фактот дека додека се градеше и одеше подготовка на класот кој ќе почне, се работи за првачиња кои се од оваа територија и почнуваат прво одделение сега, изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи која дојде да види како се одвива наставата во ова училиште.
Учениците од Мала Речица и околината настава посетуваа во училиштата во Голема Речица и Тетово, а во иднина според реонизацијата, образовниот процес ќе го следат во овој објект.
-Очекуваме од Министерството за образование да добиеме и позитивни одговори на барањата на покривање со кадар во училиштето за да може градуално и другите години да ги префрлиме во училиштетото за да може да следат настава тука. За нас е важно да се направи префрлување за да се намали обемот на ученици во другото училиште, изјави Теута Арифи.
Таа информираше дека инвестицијата за ова училиште изнесува 1,4 милиони евра, а има површина 3500 метри квадратни. Капацитетот за две смени е 560 ученици.
ас