На булеварот „Илинденска“ вчера во 13.40 часот патничко возило „фолксваген поло“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Х.(41) од с.Непроштено, удрило во малолетен пешак од Скопје, со привремено живеалиште во Тетово.
Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Тетово, соопшти денес МВР.