СВР Тетово информира дека вечерва (22 април) во 21 часот и 5 минути пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со физички напад на улица “Јане Сандански” во Тетово, во која, првично, учествувале повеќе лица и во кое едно малолетно лице задобило повреди со остар предмет, по што веднаш било пренесено во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.
-Служби на СВР Тетово се на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира портпаролот Марјан Јосифоски.