Тетовскиот атлетичар и маратонец Адем Селмани во текот на мај учествуваше на три маратонски трки во Македонија и Србија. На 8 мај учествуваше на трката Скопје трча (Skopje run) во должина од 10 километри. Шест дена подоцна во Белград на 15 мај трчаше на 21 километар на Београдски маратон. Викендов беше дел и од Поетската трка во Струга (Poetry run Struga) каде настапи на трката на 10 километри.
-Во Белград беше најдолгата трка од овие три месецов, но воедно и најтешката со оглед дека се совладуваати нагорнини. Исто така патував 11 часа и веднаш отидов на трката, објаснува Адем Селмани.
Иако е во 55-тата година од животот, Адем не се откажува од маратонското трчање, а неговиот ентузијазам не престанува и покрај никаквите услови во градот, па тој постојано се обидува да биде доследен во остварувањето на животната желба да биде атлетичар во најтешката дисциплина.
До пред неколку години редовно трчал на маратоните од по 42 километри, а во младоста и на ултрамаратони до 100 килоемтри како и планинско маратонско трчање. Сега се ограничува на полумаратонските трки на 5, 10 и 21 километар.